Лавров: Не планираме да напаѓаме други земји, не ја нападнавме ниту Украина

Од:

Русија не планира да нападне други земји, како што не ја нападна ниту Украина, изјави денеска рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров по состанокот со украинскиот колега, Дмитро Кулеба во Анталија.

– Го потврдивме и тоа со барање од руска страна, да се отворат хуманитарни коридори, а самите причини и моменти кога се отвораат тие коридори се темелат врз состојбата на теренот и анализа на ситуацијата. Треба да се изберат најефикасните рути за да се извлечат цивилите од градовите, тврди Лавров.

Во последниот извештај, посочи Лавров, се гледа дека „операцијата се одвива според планот“.

– Морам да ги спомнам проценките за напредокот на воената операција, што ги радува портпаролот на нашето Министерство за одбрана и претседателот, тие велат дека операцијата се одвива според планот, појасни тој.

На новинарско прашање дали Русија ќе нападне некоја друга земја, освен Украина, Лавров одговори „не планираме да нападнеме други земји, не ја нападнавме ниту Украина“.

– Објаснивме неколку пати, се создаде ситуација во Украина, што претставува директна безбедносна закана за Руската Федерација. И покрај тоа што со години молевме, нас никогаш не нè сослушаа и тоа претседателот Путин многупати го кажа. Откривме некои нови факти, во Доњецк и во Луганск, териториите што ги ослободивме, се планирал напад на овие две народни републики и тоа овој месец, тврди Лавров.

Меѓу другото, Лавров изјави дека Украина „продолжи да биде слуга на западните експерименти“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин