Лавров: НАТО фактички ја турка Украина во насилно сценарио

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави денеска дека НАТО одиграл деструктивна улога во украинската криза и дека фактички го поттикнува Киев на насилно решавање на конфликтот.

Тој ги отфрли обвиненијата за руското воено мешање во Украина и нагласи дека тоа е дел од информативната војна.

– Внимание привлекува деструктивната улога на НАТО за време на целата криза во Украина. Меѓу останатото Алијансата е насочена кон јакнење на воениот потенцијал на Украина, кој како што е познато, се користи против цивилите. Раководството на НАТО ги поддржува намерите на државите-членки во голем обем да ја снабдуваат Украина со специјални средства, воена опрма, кои украинските власти можат да ги употребат за внатрешна репресија. На тој начин Киев фактички потткнува на насилно решавање на конфликтот, рече Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи за „Расискаја газета“ изјави дека плановите за одржување на вежби на земјите од НАТО со Украина на украинска територија, обелоденети на недоамнешниот самит во Велс, не придонесуваат за мировниот процес и само го продлабочуваат расколот во украинското општество.

Лавров обвиненијата за руското воено мешање во Украина ги нарече информативна војна.

– Обвиненијата на Русија за военото мешање во конфликтот се слушаат не првпат, од самиот почеток на кризата практично не обвинуваат за се. Притоа ниту еднаш не претставија факти, рече шефот на руската дипломатија.

Според Лавров карактеристика на заземањето позиции на САД и некои европски земји е отсуството на докази, премолчување и искривување на вистината.

– Тоа се однесува и на тврдењата за движењето на нашата војска и истрагата за катастрофата на малезискиот „Боинг“ и трагедијата на Мајдан или во Одеса и на многу други ситуации, рече Лавров.

Тој истакна дека денес Украина се наоѓа пред избор или да тргне по патот на мирот и конструктивен дијалог во општеството или да западне во авторитарност и национал-радикална диктатура.

– Одлуката е на Киев и на украинското општество, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска