Лавров: Има шанса за компромис со Западот за украинската криза

Од:

Русија денеска соопшти дека има шанса да ја реши украинската криза преку дипломатски канали.

– Морам да кажам дека се уште има шанса да се решат проблемите што треба да се решат, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на телевизиската средба со претседателот Владимир Путин.

Тој додаде дека можностите за дијалог „не се исцрпени“. Лавров истакна дека Русија внимателно ги проучувала одговорите на САД и НАТО околу предлозите на Москва за безбедносни гаранции.

– Најзаинтересирани сме за одговорот на САД, бидејќи на сите им е јасно кој игра голема улога во решавањето на овие п рашања во западниот табор, нагласи шефот на руската дипломатија.

Тој додаде дека одговорот на Вашингтон на руските предлози не може да ја задоволи Русија.

– Американскиот одговор се состои од два дела, првиот дел одговара на три клучни прашања што ги идентификувавме: непроширување на НАТО, нераспоредување на заканувачко оружје и целосно враќање на воената и воено-техничката конфигурација во Европа од 1997 година. На овие прашања одговорот е негативен, се разбира, не може да не задоволи, изјави рускиот министер.

Извор: МИA

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ