Лавров и Штајнмаер во Москва преговараа за Украина и Сирија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ја обвини украинската Влада дека го пролонгира исполнувањето на политичките елементи од Минските спогодби од минатата година, кои доведоа до запирање на огнот во источна Украина, пренесоа американските медиуми.

Примирјето меѓу проруските сепаратисти и украинските владини сили во целост се почитува, но ниту еден од политичките елементи, како на пример спроведување на локални избори, не е исполнет, забележуваат американските медиуми.

Лавров за оваа тема зборуваше на заедничката прес конференција со германскиот шеф на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмаер, по нивните денешни преговори во Москва.

Според Лавров, неактивноста на Киев е главната пречка што целосно го блокира мирното надминување на конфликтот. Тој додаде дека Германија минатата година ја лансира идејата уште минатото лето да се одржат избори на териториите под контрола на бунтовниците, но Киев тогаш кажа „не’, со аргументот дека изборите не се можни заради безбедносни причини.

Штајнмаер од своја страна ги повика двете страни од воениот конфликт да почнат со деминирање и со оддалечување на воените единици.

Тој додаде дека на денешните преговори земјите, како дел од Нормандскиот формат, ги усогласиле своите дејствија и размениле нови идеи.

-До најситни делови разговаравме како може да ја промениме безбедносната ситуација. Таа ќе се подобри, од една страна со фактичка проверливост на вооружувањето што треба да се повлече, а од друга страна со деминирање и оддалечеување на воените единици, подвлече германскиот министер.

„Имено, заради близината на овие единици едни до други се појавуваат прекршувања (на режимот на тишина) во југоисточна Украина“, забележа тој.

Штајнамер изрази надеж дека ќе може да се најде хуманитарна разрешница на случајот со украинскиот воен пилот Надежда Савченко, која вчера беше осудена во Русија на 22 години затвор.

„Ја разгледавме и сириската криза, двете земји се согласни дека има потреба од сеопфатни внатрешносириски мировни преговори во Женева“, додаде тој.

Според Штајнмаер, во овие прегвоори веќе нема време за губење. Тој ги повика учесниците во преговорите веќе да не ги пролонгираат.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски