А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Лавров и Рубио разговараа за подготовките за средбата Путин-Трамп

by А1он15/02/2025 - 21:411061
Share0

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска телефонски разговараа за подготовките за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Се договоривме за редовни контакти, вклучително и подготовка на средбата Путин-Трамп“, ја пренесе ТАСС изјавата на Лавров.

Разговорот меѓу шефовите на дипломатиите на Русија и САД се одржа на иницијатива на американската страна.

Блумберг наведува дека средбата меѓу двацата престедатели ќе се одржи пред 28 февруари.

Следете a1on на Youtube YouTube

Новинската агенција јавува дека претставници од двете страни ќе се сретнат следната недела за да го подготват теренот. Политико, од своја страна, претходно објави дека највисоките претставници на администрацијата на Трамп ќе започнат мировни преговори со руски и украински преговарачи во Саудиска Арабија во наредните денови.

Американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток Стив Виткоф ќе отпатуваат во Саудиска Арабија, забележува изданието. Меѓутоа, на овие разговори нема да присуствува специјалниот претставник на САД за Украина, Кејт Келог.

Телефонскиот разговор на Трамп со Путин во средата, во кој тие разговараа за сè и – очигледно и главно – за Украина, се чини дека го забрза развојот на настаните. Следеа изјавите на Зеленски дека со Путин ќе разговара само врз основа на план што ќе го договори со САД, како и најавите од САД дека Европа ќе има мислење, но не и присуство во разговорите за Украина.

За нешто повеќе од две недели, двајцата лидери ќе зборуваат лице в лице. Се чека и ветување од двајцата лидери за размена на посети.

putinrusijatrampukrainska kriza

Би можело да ве интересира

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Предраг Петровиќ29/09/2026 - 17:12

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ29/09/2026 - 16:0929/09/2026 - 16:09

Русија планира рекордни 202,6 милијарди долари за одбрана во 2027

Катерина Ѓуровски29/09/2026 - 10:06

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски29/09/2026 - 08:5429/09/2026 - 10:29

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ28/09/2026 - 17:2728/09/2026 - 23:06

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 20:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео