Лавров ги спореди потезите на Америка со потезите на Хитлер

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во својот подолг говор на годишната прес-конференција во Москва, неодамнешните акции на САД поврзани со војната во Украина ги спореди со оние на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер и францускиот освојувач Наполеон Бонапарта.

Лавров на средбата со новинарите во Москва кажа дека „Вашингтон ја освои Европа за да води војна против Русија“, додавајќи дека Хитлер и Наполеон „некогаш се обиделе да ја употребат истата тактика против Русија.“

-САД ја користат Украина за да водат војна против нашата земја. Има само една цел: конечно решение на руското прашање, изјави Лавров пред новинарите на прес конференцијата.

Шефот на руската дипломатија кажа и дека Москва сè уште не видела сериозни мировни предлози за мир во Украина, додавајќи дека идеите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за мир се „неприфатливи“. Тој додаде дека „Москва е подготвена да разговара за конфликтот со западните земји и да одговори на секој сериозен предлог, но секоја таква дискусија мора да одговори на пошироките безбедносни предизвици што ги гледа Русија“.

Лавров го повика НАТО да ја „отстрани својата воена инфраструктура“ од Украина и другите земји кои граничат со Русија.

-Кога нашите западни партнери со пена на устата велат дека не се во војна со Русија, тие лажат, рече рускиот министер за надворешни работи и додаде: „Обемот на западната поддршка за Украина покажува колку тие инвестирале во војната против Русија”.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна