Лавров: Доминацијата на НАТО и ЕУ е катастрофална

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров рече дека наметнувањето доминација на НАТО и ЕУ може да има катастрофални последици.

-Обидите да се докаже дека НАТО и ЕУ имаат монопол на вистината и дека безбедноста и просперитетот се можни само во рамките на нивните граници се катастрофални. Доколку таквата логика е исправна, тогаш зошто ни е потребна Организацијата за безбедност и соработка -праша Лавров во Базел.

Тој зборувајќи на состанокот истакна дека ОБСЕ може да биде ефикасна, само доколку стане полноправна меѓународна организација и алатка за колективен одмор на заеднички предизвици.

Министерот за надворешни работи на Русија нагласи дека Москва и понатаму инсистира на мирно решавање на кризата во Украина и дека таа може да заврши само преку директен дијалог помеѓу Киев и самопрогласените републики во Доњецк и Луганск.

Нешто порано, американскиот државен секретар Џон Кери ја повика Русија да не се изолира сама себеси и наведе дека САД се обидуваат да избегнат понатамошна конфронтација.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски