Лавров: Директното вклучување на Германија во војната во Украина е веќе очигледно

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека плановите на Германија за заеднички развој на ракети со долг дострел со Украина покажуваат дека земјата е веќе директно вклучена во конфликтот во Украина.

„Директното учество во војната е веќе очигледно, Германија се лизга по истата падина по која веќе неколку пати се движеше кон својот колапс во последниот век. Се надевам дека одговорните политичари во оваа земја конечно ќе го извлечат вистинскиот заклучок и ќе го спречат лудилото“, изјави Лавров за новинарот на „Русија 1“, Павел Зарубин, објави РИА Новости.

Тој додаде дека Москва ќе ги провери изјавите на германските политичари, како за испораката на ракети со долг дострел во Киев, така и за финансирањето на производството на оружје со долг дострел во Украина.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин објави дека Германија ќе ја поддржи Украина во развојот на сопствено оружје со долг дострел.

Би можело да ве интересира

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти