Лавров: Американските власти признаваат дека стојат зад експлозиите на Северен тек

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска изјави дека американските власти во суштина, преку своите изјави признале дека експлозиите на гасоводот „Северен тек“ биле дело на САД и дека за тоа зборуваат со задоволство.

„Американските власти во суштина признаваат дека експлозиите што ги потресоа Северен тек 1 и 2 беа нивно дело. Тие дури се согласуваат кога зборуваат за тоа“, рече Лавров, пренесува ТАСС.

Според него, Америка проценила дека Русија и Германија соработувале „премногу добро“ во последните 20-30 години, воспоставувајќи моќен сојуз заснован на руски ресурси и германска технологија.

„Тоа стана закана за монополската позиција на голем број американски корпорации. Затоа беше потребно некако да се уништи и да се направи намерно“, додаде рускиот министер.

Лавров рече дека постои аспект поврзан со тоа што пријателството меѓу Москва и Берлин, националното помирување што се случи меѓу Русите и Германците, на некои им станало трн во око.

ТАСС пишува дека американскиот помошник државен секретар Викторија Нулад на 27 јануари изјави дека САД се задоволни што „Северен тек 2“ нема да профункционира.

На 27 септември компанијата Северен тек објави дека се оштетени три гасоводи на Северен тек 1 и 2.

Би можело да ве интересира

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски

Лавров: Предлогот на Кина за прекин на војната во Украина е најразумен досега

Горан Наумовски

Лавров: Прашањето кој му припаѓаат Крим и Севастопол е засекогаш затворено

Горан Наумовски

Лавров: Западот всушност веќе води војна против Русија

Лавров: САД водат директна војна против Русија

Лавров за кризата Израел-Газа се залага за решение со две држави

Горан Наумовски