ајмалку четири лица загинаа, а 28 се водат како исчезнати откако вчера лавина погоди група планинари на индиските Хималаи.
Институтот за планинарење Нехру вчера соопшти дека група од 34 планинари и седум инструктори биле на планината Драупади ка Данда II во државата Утараханд кога ги погодила лавина околу 8:45 часот по локално време.
Групата се враќаше од 5670-метарскиот врв. Во тек е операција за пребарување и спасување, пишува CNN.
„Длабоко потресен од загубата на скапоцени животи поради лавина што ја погоди планинарската експедиција организирана од Институтот за планинарење Нехру“, твитна индискиот министер за одбрана Рајнат Синг.
Минатата година, повеќе од 200 луѓе загинаа откако дел од глечер се урна во Утараханд, носејќи со себе мешавина од мраз, карпи и вода.