Најмалку 37 луѓе загинаа по поројни поплави и ладната лава што тече од вулкан на островот Суматра во западна Индонезија. По неколкучасовен дожд во саботата, пепелта и студените одрони оштетија повеќе од 100 домови, џамии и јавни згради, јавува Би-Би-Си. Локалните власти сметаат дека 18 лица се водат за исчезнати, а се очекува бројот на загинатите да се зголеми.
„Слушнав гром и звук сличен на зовриена вода. Беше црно. Куќата на соседот беше срамнета со земја“, раскажува Рина Девина, 43-годишна жителка на населбата Агам.
Ладната лава, инаку, е мешавина од вулкански материјал и чакал.
До вчера попладне, спасувачите пронајдоа 19 тела во најтешко погоденото село Кандунг и уште девет во соседната област, соопшти Националната агенција за пребарување и спасување.
Областа околу планината Марапи доживеа неколку слични катастрофи во изминатите шест месеци. На крајот на минатата година по ерупцијата на вулканот загинаа 23 планинари, а во февруари годинава поројните поплави оштетија десетици домови.
Инаку, Марапи значи „Огнена планина“ од локалниот јазик Минанг.