Лаос се обидува да се адаптира на климатските промени кои го загрозуваат производството на ориз

Од:

Властите во Лаос, соочени со се помалото производство на ориз, предизвикано од климатските промени, со поддршка на ФАО и кинеска и виетнамска помош, ќе се обидат со воведување на посовремен начин на одгледување на оризот да обезбедат доволно приноси од оваа житарица, што и во Лаос е основниата прехранбена намирница.

Без излез на море, оваа држава што се граничи со Кина, Виетна, Мјанмар и Тајланд, произведува околу милион тони ориз годишно, што ни од далеку не е доволно да се прехрани седум милионското население.Поради недоволните приноси и приходи што се остваруваат од оризот, илјадници жители на Лаос, велат, се принудени да се вкључат во бизнисот со наркотици во нивниот дел на познатиот „Златен триаголник’’.

Со прилично голема помпа властите во Лаос најавија дека од оваа есен во државата ќе започне механизирано садење на оризот и ќе се обезбеди наводнување и во сушните периоди, кога водите на Меконг не се доволни да ја надоместат сушата. Механизацијата ќе треба да замени најмалку по 30 работници, кои беа неопходни да се посее еден хектар под ориз дневно. Се очекува дека во не толку екстремно изостанување на монсунските дождови Лаос може да почне да остварува и две жетви на ориз годишно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска