Лами: Не сакаме назад во ЕУ, но повторно ќе се поврземе

Од:

Британските опозициски лабуристи во случај на враќање на власт, сакаат „повторно поврзување“ со остатокот од Европа, без враќање во Европската унија и поправање на штетата што ја предизвикаа владејачките конзервативци за време на Брегзит, изјави шефот на Лабуристичката партија за надворешна политика.

Со оглед на тоа што лабуристите имаат големо водство пред ториевците на анкетите, нејзиниот кабинет во сенка се смета за идна британска Влада на чекање. Национални избори се очекуваат идната година.

Дејвид Лами, шефот за надворешна политика во сенка, рече дека лабуристичката влада не би барала повторно приклучување кон Европската унија, ниту на нејзиниот единствен пазар, но би се обидела да ја врати довербата во односите меѓу Лондон и Брисел, кои беа загрозени по неколку години спор за Брегзит.

„Повторното поврзување на Британија со Европа, додека таа останува надвор од ЕУ, ќе биде главен приоритет на следното Министерство за надворешни работи. Со лабуристите на власт, Британија нема повторно да се приклучи на ЕУ, на единствениот пазар или царинската унија. Но, и покрај нашите црвени линии има простор за вистински напредок што можеме да го направиме за да ја зголемиме трговијата со нашите соседи и да обезбедиме просперитет дома“, рече Лами.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД