Лаборант од Атланта ставен под надзор заради сомнение за ебола

Од:

Лабораторсики техничар од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) е ставен под надзор на лекарите заради сомнение дека бил изложен на смртоносниот вирус на ебола.

Техничарот работел во лабораторијата ЦДЦ во Атланта кога примерок од ебола по грешка бил однесен од една лабораторија во друга.

Лаборантот ќе биде под надзор на лекарите во следните 21 ден, наведува Би-Би-Си.

Портпаролката на Центарот вели дека не постои никаква опасност за луѓето од околината.

Директорот ЦДЦ, Том Фриден, меѓутоа, изјави дека е загрижен заради „инцидентот“.

– Наредив во целост да се испита секој аспект од овој инцидент и ЦДЦ да ги преземе сите неопходни мерки, рече првиот човек на оваа медицинска установа. Тој наведе дека не е прифатливо вработените да бидат изложени на ризици, а додаде дека унапредувањето на безбедноста во лабораторијата е од суштинско значење.

„Безбедноста на нашите вработени е наш најголем приоритет“, истакна Фриден.

Ова е најмалку вторпат годинава ЦДЦ да презема мерки за претпазливост по проблеми што настанале во безбедносните процедури во неговите лаборатории.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски