Кувајт: Ирански беспилотни летала нападнаа нафтен комплекс и владини канцеларии

Од:

Ирански беспилотни летала го погодија нафтениот комплекс во Кувајт, канцелариите што ги користат владините министерства и две електрани, како и фабрика за десалинизација во Кувајт, соопштија денес властите на земјата.

По нападот избувна пожар во кувајтскиот нафтен комплекс, а Кувајтската нафтена корпорација соопшти дека екипи за итни случаи се на местото на настанот и го гаснат пожарот, објави Скај њуз.

Министерството за електрична енергија, вода и обновлива енергија на земјата соопшти дека ирански беспилотни летала нападнале две електрани и фабрика за десалинизација.

„Ова резултираше со значителна материјална штета и исклучување на две единици за производство на електрична енергија“, се вели во соопштението на министерството објавено на платформата X.

Никој не е повреден во нападот.

„Техничките тимови работат деноноќно за да обезбедат континуитет на услугите“, се додава во соопштението.

Кувајските државни медиуми објавија дека иранскиот напад со беспилотни летала предизвикал значителна материјална штета на канцелариски комплекс што го користат владините министерства.

Кувајтската војска соопшти дека нејзината воздушна одбрана пресретнува „непријателски ракетни и беспилотни напади“.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

(ВИДЕО) Иран има што да каже за изборите: Американците и рекоа НЕ на војната

Катерина Ѓуровски

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Иранците ги напуштија преговорите за завршување на војната со САД

Катерина Ѓуровски