Курдските сили го запреа напредувањето на ИД во Кобане

Од:

Курдските борци успеаја да го запрат напредувањето на џихадистите од групата Исламска држава (ИД) во сирискиот град Кобане, што се наоѓа во близна на границата меѓу Сирија и Турција, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Во соопштението на Центарот се наведува дека џихадистите од петокот го запреле напредувањето во Кобане и дека во реонот почнало да им пристигнува засилување.

Курдскиот активист од Кобане, Фархад Шами го информирал Центарот дека состојбата во градот е „релативно мирна“, освен што повремено се слушале снајперски истрели.

Според него, припадниците на ИД вчера започнале офанзива јужно од Кобане, но нивниот напад бил одбиен и претрпиле големи загуби.

Директорот на Сирискиот центар, Рами Абдурахман информира дека во судирите околу Кобане вчера загинале 36 џихадисти, додавајќи дека ИД и натаму контролира една третина од градот.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Oџалан: Отворен сум за преговори со владата

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години