Курдските пешмерги влегоа во Кобане

Од:

Првата група од десетина курдски борци пешмерги од Ирак влегоа во сирискиот град Кобане, откако ја преминаа турската граница, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Конвој пешмерги со тешко вооружување стигнаа по копнен пат во турскиот град Суруч, каде претходно денеска ги чекаше друга група курдски борци кои вчера утро пристигнаа со авион.

На пат кон Кобане се уште 150 курдски борци.

Во меѓувреме претседателот на Ирачки Курдистан Масуд Барзани наведе во соопштение дека овој регион е подготвен да испрати уште борци во Кобане ако е потребно.

Контингентот борци од антирежимската Ослободителна сириска армија исто така вчера утро пристигна во Кобане.

Битката за овој сириски град, населен претежно со Курди, се води со екстремната џихадистичка организација Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години