Курдските борци ослободија 3.000 километри квадратни ирачка територија од џихадистичката група Исламска држава (ИД), изјави претседателот на ирачки Курдистан, Масуд Барзани.
– Во последните денови силите на Пешмерга ослободија од ИД 3.000 километри квадратни, изјави Барзани на заедничката прес-конференција во Ербил со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Берзани ја потенцира и улогата на Турција, која според него „од самиот почеток помага и им дозволи пристап на курдските борци до Кобане“.
Могерини изрази задоволство од постигнатите воени успеси.
– Напредокот им дава надеж на граѓаните и оваа победа ќе обезбеди оптимални психолошки услови за настраданите, додаде шефицата на европската дипломатија.
Могерини нагласи дека ИД претставува закана за безбедноста не само за Ирак, туку и за целиот свет, потврдувајќи ја поддршката на ЕУ за ирачки Курдистан.