Курдски сили со помош на САД го презедоа Кобане од ИСИС

Од:

Курдските сили со помош на САД и воздушна поддршка на сојузниците го презеле сирискиот град Кобане од припадниците на ИСИС, соопшти генерал полковник Џејмс Тери официјално лице во американската војска.

Како што пренесе „Франс прес“, американскиот државен секретар Џон Кери го поздравил успехот на курдските борци и заземањето на Кобане, додавајќи дека тоа е многу важно и дека припадниците на ИСИС се принудени да го признаат сопствениот пораз.

Коалицијата која војува против ИСИС, соопшти дека од 8-ми август минатата година до сега извела повеќе од 700 воздушни напади, со цел да им помогне на курдските сили да ги протераат исламистите од Кобане.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Oџалан: Отворен сум за преговори со владата

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години