Курдите нема да и помогнат на ирачката војска во борбата со екстремистите

Од:

Курдите нема да им помогнат на ирачките сили во борбата против сунитските екстремисти, изјави високиот претставник на регионалната Влада на Курдистан, Фалах Мустафа Бакир, нагласувајќи дека курдските борци приоритет ќе и дадат на одбраната на својот регион.

– Нема да се придружиме кон ирачките сили бидејќи во Ирак нема војска, рече Бакир додавајќи дека ирачките сили доживеале пропаст.

– Имаат најсофистицирано оружје, но немаат морал, немаат лојалност и не веруваат во причината, затоа пропаднаа, нагласи Бакир.

Ирачката војска се повлече минатата недела од Северен Ирак поради налетот на сунитските екстремисти од групацијата Исламска држава во Ирак и Левантот.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија