Курдите, брана на напредување на џихадистите

Од:

Војната против џихадистите на Исламската држава ИС во Ирак изнедри неочекуван интересен сојуз на Американците и групата која САД со години ја третираше како терористичка организација

Заканата која ја претставуваат ирачките џихадисти според својата воена моќ и финансиската сила е поголема можеби дури и од таа која ја претставува Ал Каеда, оценија највисоки американски политичари и САД најде поддршка на неочекувана страна.
Вооружените сили на Работничката партија на Курдистан ПКК, која цели 30 години Вашингтон постојано ја осудуваше поради поткопување на турската држава, објавија дека играле клучна улога во обидите да се спречат напредувањата на ирачките милитанти во американските воздушни напади.

– Таа војна ќе трае додека не ја уништиме Исламската држава – рече Ројхат, борец на ПКК кој по ранувањето е на болничко лечење во Ербила, главен град на курдскиот регион во Ирак.

Вмешаноста на ПКК во судирот има последици не само за спротивставување на курдските фракции кои не успеаја да го спречат напредувањето на џихадистите, туку и за Турција која ПКК одамна ја стави надвор од законот, како и за меѓународната заедница во која таа партија лобира за отстранување на етикетата терористичка организација.

Првите два пати бил ранет во судирите за курдската независност со турските вооружени сили во кои животот го изгубиле 40.000 луѓе од нивниот почеток од 1984 година.

Улогата на курдските борци од Турција покажува дека сега претставуваат предизвик за Анкара која сеуште ги смета за терористи, но од друга страна сериозно е загрозена од ИС која киднапираше и држи во заложништво десетици турски државјани.

Благодарение на курдските борци од Турција, жителите на градот Макмур кои побегнале во паника од масакр, кој се закануваше дури и на 60 км оддалечениот Ербил, сега можат да се вратат за да видат во каква состојба се нивните домови.

– Тука не се работи само за Макмур, тука се работи за Курдистан – рече командантот на силите на ПКК во Макхмур Садик Гоји, седејќи под слика на заробениот лидер на ПКК Абдулах Оџалан.

Курдите живеат во големите гранични региони на Сирија, Ирак, Турција и Иран.
– Исламската држава претставува опасност за сите па против неа мораме секаде да се бориме – вели Гоји.

Вооружената сестринска група на ПКК Единицата на народна одбрана ЈПГ, го освои подрачјето на североисточна Сирија, каде успешно одбива напади на милитантите на Исламската држава која во Сирија ја прогласија за калифат.

Кога милитантите ги истераа пешмергите во северозападниот дел на Ирак борците на ЈПГ дошле од Сирија и помогнале на евакуацијата на илјадници језиди заглавени во планините со малку вода и храна.

– Работничката партија на Курдистан за нас е херојска – вели 26 годишниот Хусеин, еден од стотиците језиди кои сега се на воена обука во логорите на ЈПГ во Сирија.

Командантите на ПКК велат дека своите сили ги пратиле и во градовите како Киркук или Џалавла, но одбија да го кажат нивниот точен број.

Турските безбедносни сили во текот на 1990-тите почнаа да ги чистат селата за кои се веруваше дека кријат симпатизери на ПКК, протерувајќи притоа илјадници Курди од кои некои избегаа во Ирак во Макмур кој сега е еден од курдските логори за обука.

Командантите на ПКК велат дека главно оружје на милитантите е сеење на страв. – Тие водат психолошка војна – вели Гоји.

– Исламската држава не е толку моќна како што се верува.
Турските функционери се свесни дека борците на ПКК се во Ирак, но не се плашат од отцепување на делови на Турција со курдско мнозинство.

– Парадоксално е дека се чини дека организацијата која ЕУ ја прогласи за терористичка играше толку значајна улога – рече во Анкара дипломат кој не сакаше да биде именуван.

Тој смета дека малку е веројатно дека начинот на кој ЕУ ја третира ПКК ќе се промени без турска согласност.

Index.hr

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија