Курдите бараат дипломатска и воена поддршка од Франција

Од:

Арапско-курдската коалиција во Сирија сака Франција „да изврши притисок врз Турција, за да таа ги прекине своите закани“ како и француските сили да ја продолжат својата мисија во регионот, изјави денеска во Париз курдска претставничка, јави дописникот на МИА.

– Бараме француска дипломатска поддршка, изјави Илхам Ахмад, еден од политичките водачи на коалицијата, кој смета дека посебно француските власти „можат да извршат притисок за Турција да ги прекине своите закани.

Таа додаде дека побарала „од француските сили да ја преземат својата задача во регионот додека не се изнајде политичко решение“, додаде таа.

По најавата за повлекување на американските војници распоредени во Сирија, во Париз не се крие загриженоста за понатамошното присуство на француските војници, кои во добар дел работеа координирано со американските сили, посебно во добивањето на информации од теренот, но и со користење на многу поголемите воени капацитети на американските воени сили.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски