Курц: Отворањето на границите пред пет години беше грешка

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја оквалификува како грешка одлуката на Ангела Меркел да ги отвори границите за бегалците пред пет години во интервју за германската новинска агенција ДПА.

– Уште на самиот почеток бев против политиката на отворени граници … Политиката на отворени граници не само што придонесе за големиот број луѓе да се упатат кон Европа, туку и доведе до огромно преоптоварување во многу делови на централна Европа, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц. кој служеше како министер за интеграција во времето на бегалската криза.

Тој рече дека поради политиката на отворени граници, кримчарите на луѓе „заработиле огромни суми“ и дека во исто време „безброј“ луѓе ги загубиле своите животи обидувајќи се да го преминат Медитеранот.

Австрискиот канцелар потсети дека поради неговиот тогаше став бил нападнат и истуркан во „крајниот десен агол“, но дека тој, како тогашен министер за интеграција, бил свесен дека интеграцијата зависи од бројот на новодојденците.

– Среќен сум што пет години по бегалската криза, Европа има сосема поинаква политика, рече Курц за ДПА.

Тој го отфрла предлогот на Германија за реформа на системот за азил во рамките на ЕУ, кој предвидува прифатни центри на надворешните граници на Унијата од каде што бегалците би биле преместени во земјите-членки.

– Мислам дека распределбата низ Европа нема да функционира затоа што повеќето членки на тоа гледаат со скепса, рече Курц.

Тој додаде дека треба да се земе предвид дека сè повеќе луѓе доаѓаат преку централната медитеранска рута од економски причини, пред сè од Тунис.

– Тоа не се вистински бегалци, туку мигранти од економски причини, заклучи Курц и додаде дека не смее да се дозволи турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да ги користи бегалците за да ја уценува Европа.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник