Курц: Некои земји од ЕУ се скептични кон реформите на Фронтекс

Од:

Неколку земји членки на ЕУ се скептични кон идејата за проширување на мандатот на Европската агенција за контрола на границите – Фронтекс, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

Според Курц, овие земји, меѓу кои се и Грција, Италија и Шпанија, треба да бидат убедени да ги поддржат реформите на Фронтекст за време на на дводневниот Самит на ЕУ, што почнува доцна попладнево во австрискиот град Салцбург.

Европската комисија предложи бројот на припадниците на Фронтекс до 2020 година да се зголеми до 10.000, при шпо тие би имале поголеми овластувања во контролата на надворешните гранции на ЕУ, со цел да се спречи приливот на мигранти.

– Земјите од Јужна Европа можеби и не се особено незадоволни затоа што многу од мигрантите би можеле да го продолжат својот пат кон Централна Европа, рече Курц, додавајќи дека многу од овие држави „поради недостиг на средства или негрижа“ им дозволуваат на мигрантите да ја напуштат нивната територија без да бидат регистрирани дека влегле во ЕУ.

Главни иницијатори на реформите на Фронтекс се Германија и Франција, кои на Самитотво Салцбург ќе се обидат да ги убедат останатите членки на Унијата да се согласат со предлозите.

Против идејата за поголеми надлежности на Фронтекс и за нивно право да се мешаат во контролата на границите на земјите членки, претходно се изјасни и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он