Курц: Кај вакцинирањето не смее да има членки на ЕУ од втор ред

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска порача дека во процесот на вакцинација против коронавирусот не смее да има земји членки на Европската унија од втора класа.

Курц денеска во австрискиот Парламент соопшти дека на претстојниот Самит на ЕУ ќе побара нова дистрибуција, односно фер дистрибуција на вакцините, и посочи дека масовните разлики во дистрибуцијата на вакцините се предизвикани од промената на договорениот клуч за дистрибуција што се темели на бројот на населението, според кој, на пример, Малта, прими трипати повеќе вакцини од Бугарија.

Курц смета дека е потребно да се направат промени, односно да се воведе механизам што би ја решил оваа неправда.

Тој пренесе дека многу шефови на држави и влади не биле свесни дека има нефер дистрибуција на вакцини и оцени дека поголемиот раздор во ЕУ во врска со дистрибуцијата на вакцините не би бил добар.

Тој, исто така, кажа дека не е правилно што повеќе вакцини што се развиени во ЕУ се моментално подостапни за земјите надвор од Унијата, како што се Велика Британија, САД, Чиле или Израел.

Вакцинацијата во ЕУ, за разлика од Израел и Велика Британија, е бавна, како поради недостаток на вакцини и обемниот бирократски апарат на ЕУ, но и поради неподготвеноста на населението да се вакцинира.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски