Курц: БиХ ќе може во ЕУ само со сегашните граници

Од:

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, денеска ги поздрави мирните избори во БиХ, кои, како што оцени, минале без никави инциденти и изрази надеж дека што поскоро ќе дојде до формирање на нова влада, која ќе го надмине застојот во спроведувањето на реформите.

Курц нагласи и дека БиХ ќе може да се зачлени во ЕУ само во сегашните граници.

– Приближувањето кон ЕУ ќе биде можно, само тогаш кога Владата ќе работи ефикасно. Премногу долго во БиХ се работеше само за лични интереси, а помалку за доброто на државата, оцени Курц.

Според него, Австрија и натаму е подготвена да ја поддржи БиХ на патот кон ЕУ, но тоа ќе биде можно само кога земјата ќе ги исполни своите задачи.

– Јас сум уверен дека политичарите ја сфатија мојата порака. Идната членка на ЕУ, БиХ може да биде прифатена во (европската) заедница само во сегашните граници, додаде Курц.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна