Кулханек: Амбасадите на Чешка и на Русија остануваат со по 32-ца вработени

Од:

Руската и чешката амбасада во Прага и во Москва ќе бројат по 32 вработени, изјави шефот на чешката дипломатија, Јакуб Кулханек, за весникот „Блеск“.

Предвидено е во нив да работат седум дипломати и 25 лица како технички асистенти, а бројот на вработени во генералните конзулати на двете земји во Русија и Чешка нема да се промени. Чешка има генерални конзулати во Санкт Петербург и Екатеринбург, и Русија во Брно и Карлови Вари.

Министерот не ја исклучи можноста во иднина да дојде до зголемување на бројот на вработени во дипломатските мисии во главните градови на двете земји, но само по принципот на реципроцитет. Бројот на дипломати и административен и технички персонал ќе биде ист за двете земји.

Кулханек во интервјуто истакнува дека за разлика од 18-те вработени во руската амбасада во Прага, кои беа прогласени за персона нон грата поради сомневања дека припаѓаат на руските специјални служби, другите вработени, кои треба да ја напуштат Прага до крајот на мај, не се третирани како протерани од земјата. Во овој случај, станува збор за изедначување на персоналот на дипломатските мисии.

-Теоретски, тие во иднина би можеле да се вратат во руската Амбасада во Прага, бидејќи не се прогласени за „персона нон грата“, објасни министерот.

Кулханек истакна дека акциите на владата и Министерството за надворешни работи во врска со откритијата околу експлозијата во складиштето за муниција во Врбетице во 2014 година беа поддржани од претседателот Милош Земан.

Министерот најави дека во моментов му е доделена засилена полициска заштита, како што е случајот и со првиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Јан Хамачек.

Би можело да ве интересира

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба