Кулеба: Украина е подготвена на секое сценарио

Од:

Украина е подготвена за секое сценарио, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Кулеба на тој начин реагираше на оценките на американскиот претседател Џозеф Бајден дека рускиот претседател Владимир Путин донел одлуката да изврши инвазија на Украина.

– Се подготвуваме за секое можно сценарио, истакна шефот на украинската дипломатија на Минхенската безбедносна конференција.

Бајден вчера изрази уверување дека Путин донел одлука да ја нападне Украина, вклучително и главниот град Киев.

Сепак, тој нагласи дека не смета оти рускиот претседател сериозно размислува за употреба на нуклеарно оружје, заклучувајќи дека е „тешко да се знае што мисли Путин“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“