Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Од:

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. Во интервју за Форин полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.

Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.

– Се држиме, бидејќи научивме многу, изјави Кулеба.

Тој укажа на недостатокот на артилериска муниција во украинските сили, додавајќи дека сојузниците на Украина доцнат со испораките, и покрај нивните напори.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид