Кулеба: Почнува траснформацијата на украинските оружени сили според стандардите на НАТО

Од:

Украина влегува во нова фаза и ги прилагодува своите воени единици на оружје според стандардите на НАТО, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

„Влеговме во фундаментално нова фаза за која никој не ни сонуваше пред два месеца – трансфер на вооружените сили на Украина според стандардите на НАТО. Тоа веќе се случува“, изјави Кулеба.

Тој потсети дека се започнало со индивидуални мали чекори и одлуки, но претседателот Володимир Зеленски успеал да го убеди американскиот претседател Џозеф Бајден дека е време да се направи тој чекор.

„Прво пристигнаа хаубиците, но тоа е само почеток. Ќе дојде многу повеќе. Ова е историски момент, ова е историска пресвртница“, рече шефот на украинската дипломатија.

Агенцијата „Укринформ“ претходно ја пренесе изјавата на висок американски функционер кој ги посочи најавите од Пентагон за одржување вежби во Украина на 19 април, на кои украинските трупи ќе се обучуваат на ракување со американските хаубици.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски