Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска ја повика Кина да одигра „важна улога“ во напорите за решавање на конфликтот во Украина.
Претходно, украинскиот преговарач и советник на претседателот Зеленски, Михаил Подољак, ја повика Кина да му се придружи на Западот во осудата на „руското варварство“.
Новите повици доаѓаат откако американскиот претседател Џо Бајден два часа разговараше со кинескиот лидер Си Џинпинг.
Извор: МИА