Кулеба до НАТО: Дојдов по три работи, оружје, оружје и оружје

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика членките на НАТО да му го дадат на Киев сето оружје што му е потребно за борба против Русија.

– Мојата агенда е многу едноставна. Во неа има само три точки. Тоа се оружје, оружје и оружје, изјави Кулеба пред новинарите пред состанокот со министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.

– Ги повикувам сите сојузници да ги остават настрана своите колебања и неподготвеноста да и обезбедат на Украина сè што и треба“, рече тој.

– Најдобар начин да и се помогне на Украина е да и се обезбеди на земјата се што и е потребно за да го стави рускиот претседател Владимир Путин на свое место и да ја порази руската армија, додаде тој.

Кулеба рече дека Германија може да направи повеќе во однос на испораката на оружје „со оглед на нејзините резерви и капацитети“ и дека донесувањето одлуки трае премногу долго.

– Додека Берлин има време, Киев нема, потенцираше Кулеба. – Колку повеќе и побрзо Украина добива оружје, толку повеќе животи ќе бидат спасени и помалку градови ќе бидат уништени, рече тој.

Украина го повикува Западот да ги зголеми испораките на потешко оружје, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, артилерија, тенкови и авиони, додека Москва ја пренасочува својата офанзива кон исток.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски