Куделка: Кремљ ќе провоцира конфликт за да ја провери реакцијата на Алијансата

Од:

Директорот на чешката разузнавачка служба БИС, Михал Куделка, предупреди дека е поверојатно Русија да изврши ограничен напад врз членка на НАТО за да ја тестира реакцијата на Aлијансата отколку да започне голема војна како онаа во Украина.

– Поверојатно е дека членка на НАТО, веројатно во балтичкиот регион, може да биде нападната за да се тестира одговорот на Aлијансата – рече Куделка на безбедносна конференција во чешкиот парламент, пренесува Чешкото радио.

Куделка, кој ја предводи Чешката безбедносно-разузнавачка служба (БИС), рече дека Европа во моментов не се соочува со закана од масовен напад сличен на целосната инвазија на Русија врз Украина, но предупреди на поинакво сценарио.

Тој нагласи дека западните земји мора да покажат единство и решителност за да ја одвратат можната руска агресија.

– Потребно е недвосмислено да се покаже единство и подготвеност за одбрана бидејќи тоа е единствениот начин да се одврати рускиот агресор од оваа многу опасна авантура – рече тој.

Во исто време, тој предупреди дека не треба ниту слепо да се верува на руските пораки, ниту да се реагира панично на заканите.

– Мораме сè храбро и со ладна глава да процениме – додаде тој.

Балтичките држави со месеци предупредуваат за зголемени безбедносни ризици поради руските активности во регионот, вклучувајќи инциденти со беспилотни летала, блокирање на GPS и воени провокации во близина на границите на НАТО.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри