Куче пронајде жена во поле со пченка, два дена откако доживеа несреќа

Од:

Жена која исчезна откако e тешко повредена во сообраќајна несреќа e пронајдена два дена подоцна од полициско куче во густо поле со пченка во југоисточен Мичиген, соопштија властите.

Оваа 45-годишна жена, чие име не се соопштува, доживеа несреќа во градот Дирфилд во округот Ливингстон, 70 километри северозападно од Детроит, пренесе АП.

„Знаевме дека нема уште долго да живее“, рече полицаецот Џеф Шрибер, кој ја најде жената со своето специјално тренирано куче Вудсон.

Нејзиниот автомобил најпрвин е лоциран, но таа не била во возилото, а два дена подоцна се вклучила и полицијата. Полицајците девет часа ја бараа меѓу зрели стебла со пченка.

„Чувствувате како иглите да ви се лепат во лицето додека со кучето брзо поминувате низ пченката“, рече Шрибер.

Тој наведува дека на речиси километар од местото на несреќата, Вудсон силно го повлекол и го однел кај жената.

„Успеав да ја разбудам и еден полицаец ја соблече кошулата за да се обиде да ја загрее поради екстремната хипотермија во која се наоѓаше“, рече полицаецот.

Жената е хоспитализирана и првично беше во критична состојба, која подоцна се подобри и сега е стабилна.

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19