Куба ги легализираше истополовите бракови

Од:

Куба ги легализираше истополовите бракови, откако граѓаните гласаа за семејниот законик со што се зголемува заштитата на малцинствата на островот, објави денеска Националниот изборен совет на земјата.

Од оние со право на глас, 74,1 отсто излегле да гласаат на вчерашниот национален референдум.

Со 94 отсто од гласовите пребројани, 3,936,790 гласале во корист, а 1,950,090 против.

Новиот семеен кодекс ја зголемува заштитата на жените, децата и на постарите лица, како и им дозволува на ЛГБТК+ паровите да се венчаат и да посвојуваат деца.

Иако хомосексуалноста е легализирана во Куба од 1979 година, голем број припадници на ЛГБТК+ заедницата рекоа дека сè уште се соочуваат со отворена дискриминација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ