На протестот во Љубљана вечерва дојде до судир на полицијата и околу 500 демонстранти кои фрлаа со се што им дојде при рака, а после предупредувањето полицијата почна да ги апси.
Поголема група демонстранти трчала кон полицијата пред парламентот извикувајќи „Напад“.
Според последните информации, полицијата на демонстрантите фрлила солзавец.
Според неофицијалните информации, двајца од демонстрантите се сместени во Клиничкиот центар во Љубљана од кои еден е со повреди на главата, а другиот поради прекумерно консумирање алкохол.
Пред апсењето, полицијата упати повик до демонстрантите да престанат со нападите и предуди дека на тој начин го нарушуваат јавниот ред и мир.
Повеќе илјади демонстранти набљудуваа како мирниот протест поединци го претвораат во нешто сосема друго.
Љубљанскиот дневник „Дело“ на својот интернет портал објави дека полицијата се повлекува пред налетот на демонстрантите пред парламентот кои фрлаат на нив со се што им е при прака, па дури и со пиротехнички средства.
Полицијата тврди дека ја контролира ситуацијара во Љубљана. Медиумите шпекулираат со бројот на демонстраните-некаде се тврди дека се 5000 а некаде 10.000.
Протестите во Љубљана и во повеќе словенечки градови се поради незадоволството на граѓаните од социјално-економската ситуација, но и поради прекумерната употребена сила на полицијата на протестот во Марибор.
Демонстрантите се незадоволни и од повеќето политичари од кои бараат да си поднесат оставки, а меѓу нив и премиерот Јанез Јанша.