Крвави отпечатоци, пена на устите: Жртвите во камионот на смртта се бореле до последен момент

Од:

Мигрантите кои починаа во студениот камион оставија „крвави отпечатоци“ од внатрешноста на вратите и на sидовите на контејнерите, беше откриено синоќа. Тоа покажува дека до последен момент жртвите очајно се бореле да се ослободат.

Извори тврдат дека мигрантите кои беа пронајдени мртви биле „голи или со многу малку облека на себе“. Исто така се верува дека жртвите удирале на вратите и барале помош, како и дека имале пена на устите.

Првично беше објавено дека сите 39 жртви биле Кинези, но сега се верува дека најмалку шест биле од Виетнам.

Британските медиуми разговараа со три семејства во Виетнам, кои се загрижени дека можеби нивните најблиски се наоѓаат во приколката на камионот.

Така, едно виетнамско семејство рече дека нивната ќерка им испратила порака во која се вели дека се задушува и умира. Фам Тра Меј (26) во вторникот вечерта испратила порака до нејзината мајка по што веќе не се слушнале.

Фам Ти Тра Ми испрати серија вознемирувачки пораки до нејзината мајка околу полноќ навечер на 22 октомври во која се наведува дека таа се задушува.

– Мамо, многу те сакам и тато! Умирам затоа што не можам да дишам “, рече таа во друга.

Родителите на Фам Ти Тра Ми признале дека платиле 30 000 фунти девојката да стигне во Британија.

Возачот на камионот Мо Робинсон е во притвор, но постојат индиции дека не знаел што има во камионот.

Британската полиција уапси брачна двојка, Џоан и Томас Мара, под сомнение за вмешаност во шверц на 39 лица, кои биле пронајдени мртви во камион со ладилник близу Лондон.

Двојката изјави за „Дејли меил“ дека го продале камионот пред една година на компанија во Ирска, но иследниците вчера го пребарале нивниот имот пред и салон за убавина што го поседувале.

Сè уште не е познато дали тие се дел од шверцската банда.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он