Кризата со керозин ја тресе Европа – Рајанер предупредува на откажувања на летови

Од:

Неколку европски авиокомпании моментално подготвуваат кризни планови за летната сезона поради можен недостиг на керозин, објавува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“. Причината, како што е наведено, е блокадата на увозот на авио гориво поврзано со ситуацијата во Иран, што може да доведе до промени во распоредот на летови и откажување на одредени летови.

Иако моменталните залихи се сè уште доволни, нискобуџетниот превозник „Рајанер“ веќе се подготвува за најлошото сценарио.

– Засега нема ништо конкретно, но бидејќи Ормутскиот теснец е сè уште затворен, проблемот со снабдувањето станува сè посериозен за нашиот сектор од недела во недела – изјави извршниот директор на „Рајанер“ – Мајкл О’Лири, за „Кориере дела Сера“.

Според него, доколку испораките на керозин не продолжат до почетокот на јуни, може да има итни мерки, вклучително и откажување на одредени летови.

Први на удар би биле домашните летови, додека приоритет би им се дал на утринските, доцните попладневни и вечерните летови, со цел да се олесни патувањето за деловните патници.

Комесарот за туризам на ЕУ, Апостолос Цицикостас, предупреди дека ситуацијата е сè уште „нестабилна и неизвесна“ и нагласи дека соработката меѓу земјите-членки е клучна за надминување на кризата.

Би можело да ве интересира

Американскиот NTSB ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ над Македонија

Катерина Ѓуровски

Сопругата на Србинот што речиси испадна од авионот опиша како го спасила

Предраг Петровиќ

ЕУ: Нема недостиг на гориво за авионите, но поради високите цени се откажуваат некои рути

Мерц: Германија подготвува мерки за евентуален недостиг на керозин

(ВИДЕО) Пијан патник направи хаос на лет од Англија за Шпанија: сакал да ја отвори вратата

Катерина Ѓуровски

Уште пет кривични пријави поднесени за „Керозин“

Ана Ололовска