Американскиот NTSB ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ над Македонија

Од:

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB) го презема комплетното делегирање на истрагата на настанот што се случи вчера над Македонија со авионот Boing 737-800, кој оперирал како лет FR1879 за „Рајанер“ (Малта Ер), информираа од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ).Согласно со Анекс 13 на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), КИНСИВ претходно достави барање истрагата да биде делегирана на NTSB.

– Во истрагата предводена од NTSB ќе учествуваат и претставници на КИНСИВ – изјави претседателот на КИНСИВ Марјан Прпоски.

Како што информира, по добиената информација во 13:20 часот дека се случил сериозен инцидент во воздушниот простор на Република Северна Македонија КИНСИВ согласно со прописите од областа на воздухопловството, ги известиле Француското биро за истраги и анализи на безбедноста на цивилното воздухопловство (BEA), Грчката агенција за истрага на несреќи и сериозни инциденти, Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB) и Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO).

– Авион на „Рајанер“ од Солун кон Меминген вчера се врати во Солун кратко по полетувањето откако за време на летот се откачи прозорец до патник – соопштија од авиокомпанијата „Рајанер“ за инцидентот, во кој полесно бил повреден еден од патниците.

Од авиокомпанијата посочија дека авионот регуларно слетал во Солун и патниците биле вратени во терминалната зграда.

– Еден патник побара и доби медицинска помош по слетувањето во Солун. Со цел да се минимизира доцнењето, беше обезбеден заменски авион за превоз на патниците до Меминген, пишува во соопштението на „Рајанер“, што го објавија грчките медиуми.

Би можело да ве интересира

Сопругата на Србинот што речиси испадна од авионот опиша како го спасила

Предраг Петровиќ

Кризата со керозин ја тресе Европа – Рајанер предупредува на откажувања на летови

А1он

(ВИДЕО) Пијан патник направи хаос на лет од Англија за Шпанија: сакал да ја отвори вратата

Катерина Ѓуровски