Кристоф Кастанер: Французите се меѓу оние што најдобро ја почитуваат мерката за ограничено движење

Од:

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер, оценува дека Французите се меѓу оние кои најдобро ги почитуваат мерките за ограничување за да се спречи ширењето на епидемијата со Ковид-19. Неговата констатација доаѓа, откако се слушнаа коментари дека има опуштање во изминатиот викенд, со доаѓањето на убавото и топло пролетно време, јави дописникот на МИА.

На прашањето на Франс Инфо, за тоа дека изминатиов викенд не се почитувале многу мерките за ограничување на движењето, Кристоф Кастанер одговори дека 65-те милиони Французи, општо земено, добро ги почитуваат мерките, сепак тој призна:

– Можеби има места каде гледаме глупаво однесување.

Конкретно, тој посочи дека силите на редот напишале 480 000 прекршочни казни за непочитување на мерките, за што казната е 135 евра. Истовремено извршени се 8,2 милиони контроли од почетокот на мерките во вторникот 17 март.

Овие контроли беа особено засилени изминатиот викенд на излезите од големите градови, за да се спречи заминувањето на пролетните Велигденски одмори.

Кристоф Кастанер дури сакаше да потенцира дека „Французите се меѓу оние што ги почитуваат мерките на ограничување најдобро во целиот свет “.

Министерот за внатрешни работи, како и другите одговорни, ги потсети Французите кои се во искушение да излезат надвор со враќањето на сонцето, дека

-Не треба да одлучуваме дали ќе излеземе или не според временските услови, туку тоа треба да се направи според борбата против вирусот.

Ризикот, според него, сега е од опуштањето. Притоа, Кристоф Кастанер ги бранеше припадниците на безбедносните сили, кои некои ги обвинуваат за преголема строгост при контролите.

-Јас не барам од полицијата и жандармите да пишуваат казни, туку да ги заштитат Французите со спроведување на ограничувачките мерки, рече тој.

Министерот за внатрешни работи, исто така, се наврати на изјавата на префектот на Париз, Дидие Лалеман, кој за да ги „уплаши“ парижаните да не излегуваат од дома, изјави дека „оние што се хоспитализирани денес и се наоѓаат во одделите за интензивна нега, се оние кои не ги почитуваа мерките“.

Кристоф Кастанер смета дека инцидентот е „затворен“ и му ја обнови неговата доверба, иако призна дека забелешките на префектот биле всушност „неточни“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата