Крис Куомо, брат на екс-гувернерот на Њујорк и познат ТВ водител, обвинет за сексуално малтретирање

Од:

Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк Ендрју Куомо и водител на вечерна емисија на Си-Ен-Ен, од негова поранешна соработничка е обвинет за непристојно допирање.

Шели Рос, поранешна извршна продуцентка во Еј-Би-Си го обвини Куомо за непристојно допирање за време на забава во 2005 година. Рос го опишува настанот во писмо објавено од „Њујорк тајмс“.

По случката, таа и нејзиниот сопруг, кој го забележал тоа, веднаш заминале од забавата. Во писмото таа ја става под знак прашање моралноста, искреноста и компетентноста на Куомо, правник по занимање и познат водител на вечерно политичко ток шоу на Си-Ен-Ен.

-Сега кога ќе помислам на тоа, сум засрамен, Куомо и се обратил во електронска порака на Рос само час по случката. Рос достави копија од пораката до весникот. Во обид да се извини, Куомо ставил паралела со слична постапка што ја направил холивудскиот актер Кристијан Слејтер „произлезена од негативни намери, не како мојата“.

Понатаму во писмото таа ги истакнува мобингот, сексизмот и климавата етика на медиумските организации во САД и раскажува како и таа била подложна на сексуални уцени на почетокот на својата кариера. Посочува дека Си-Ен-Ен како работодавец му дава на Куомо платформа да „дели часови по морал и етика“ додека тој работел како советник на неговиот брат во време кога тој беше обвинет за сексуално малтретирање од неколку жени и го советувал да се брани. Под притисок на скандалите поврзани со ова Ендрју Куомо неодамна си даде оставка од гувернерската функција.

-Не сакам Куомо да стане следната жртва во оваа ужасна приказна што продолжува. Се надевам тој да остане во Си-Ен-Ен засекогаш ако сака. Тоа што од него барам е новинарско каење. Да покани во емисија гости кои ќе зборуваат за сексизмот, малтретирањето и половите предрасуди на работното место, пишува Рос.

Чинот да излезе во јавноста по повод овој настан го оправдува со бранот слични исповеди на жени за време на „ми ту“ движењето во САД, што започна со падот на филмскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој лани во март беше осуден на долгогодишна казна затвор поради повеќекратно силување на свои соработнички.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Годинава три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација

Ана Ололовска

Вработен во белградскиот Герентолошки завод сексуално вознемирувал студентки

Надлежните во Прилеп испитуваат наводи за сексуално вознемирување на средношколка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Kолку години ќе се оди во затвор за „сексуални“ пораки на Фејсбук

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) За вулгарни пораки на Фејсбук во затвор – сексуално вознемирување е кривично дело

Анита Петровска Рајковиќ

Извештај: Сексуални напади, вознемирување и расизам се присутни во компанијата Рио Тинто

А1он