Кригистан тврди дека спречил два напади на ИД

Од:

Киргистанската полиција денеска соопшти дека спречила два напади кои во оваа централноазиска земја планирале да ја извршат припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Во соопштението се посочува дека во текот на вчерашниот ден во акција на полицијата во киргистанскиот главен град Бишкек биле убиени шестмина екстремисти, а седуммина други биле уапсени.

– Сите тие се членови на џихадистичката група, се додава во соопштението.

Според полицијата, припадниците на ИД планирале да извршат напад за време на денешната молитва по повод Рамазан Бајрам на централниот плоштад во Бишкек, како и врз руската воздухопловна база во Кант.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска