Кремљ: Се уште чекаме разумно објаснување од Анкара

Од:

Русија и натаму чека разумно објаснување од официјална Анкара за соборувањето на рускиот воен авион над турско-сириската граница, пред два дена, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

– И натаму чекаме на реалистично објаснување од турска страна, рече Песков на прес-конференција во Москва, пренесено од британските медиуми.

„Јасно е дека поправањето на огромната штета врз билатералните односи меѓу Русија и Турција ќе претставува екстремно тешка задача“, додаде тој.

Турција пред два дена собори руски воен авион на границата со Сирија затоа што, како што тврди турската војска, го повредил воздушниот простор на земјата, иако повеќе пати бил предупреден, додека руското Министерство за одбрана истакна дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.

Руското Министерство за земјоделие утринава ја засили контролата врз увозот на храна и земјоделски производи од Турција, но и покрај тоа, Русија не разгледува како опција воведување санкции или ембарго на увозот на турска храна, истакна Песков.

-Не воведуваме ембарго. Овие ограничувања денеска се воведени заради зајакнатата опасност од различни манифестации на екстремизам. Секако дека се воведени дополнителни мерки за контрола. Тоа е разбирливо, посебно имајќи ги во предвид непредвидливите постапки на Република Турција, наведе Песков

Според портпаролот на Кремљ, Руско-турскиот самит, што беше закажан за 15 декември во Санкт Петербург, се уште не е официјално откажан.

Би можело да ве интересира

Американскиот секретар за одбрана: Го предупредив Шојгу за нуклеарно оружје

Ана Ололовска

Во координиран одговор, членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори

Ана Ололовска

Што значи мобилизацијата за Русија – крај на пазарењето на Путин со народот

Ана Ололовска

Украинско разузнавање: Белорусија се подготвува да прими руски војници

Ана Ололовска

Советникот на Зеленски: Можни се преговори, но само со новиот претседател на Русија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Се запали авион на Крим, облаци црн чад се издигнуваат од местото на несреќата

Ана Ололовска