Кремљ: Путин и Бајден ќе разговараат за Договорот за отворено небо

Од:

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден веројатно ќе разговараат за Договорот за отворено небо на нивниот самит во Женева, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Бидејќи Русија наскоро ќе ги заврши процедурите за повлекување од тој Договор, на САД им остана малку време да ги преиспитаат своите претходни одлуки за повлекување, порача Песков.

Тој додаде дека „времето изминува“.

– Ние ги исполнуваме процедурите за повлекување од Договорот за отворено небо и тие наскоро ќе завршат. Поради тоа останува малку време Вашингтон да ги преиспита своите претходно донесени одлуки, предупреди Песков во одговорот на прашањето дали Русија планира да им даде шанса на САД за враќање во тој Договор за време на самитот Путин – Бајден во Женева.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина