Кремљ: Почнаа подготовките за состанок со Трамп

Од:

Започнаа подготовките за средбата на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп, но се уште не се направени конкретни одлуки, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, во овој момент нема договор во врска со посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун на Русија.

Песков рече дека, во врска со новата средба на Путин и Трамп, „почнува работата на потенцијалната агенда на ваков состанок“.

– Постојат технички проблеми кои треба да се решат, а се поврзани со времето и местото на состанокот. Бидејќи состанокот ќе се одржи на маргините на меѓународен настан (за жртвите од Првата светска војна), ќе биде неопходно тој (состанокот) да биде вклучен во агендата, рече Песков.

Тој додаде дека „нема планови“ за потпишување на какви било документи за време на состанокот Путин-Трамп.

Советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон минатата недела разговараше со Путин во Москва, по што советникот на Путин, Јуриј Ушаков, објави дека Путин и Трамп ќе одржат состанок на 11 ноември во Париз за време на прославата на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп помилува 1600 напаѓачи на Конгресот, го преименува Мексиканскиот залив

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Маск ја прослави инаугурацијата на Трамп во Вашингтон: „Вака изгледа победата“

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Панамскиот претседател за изјавата на Трамп: Панамскиот канал ќе остане под наша контрола

Горан Наумовски

Трамп ќе ги помилува осудениците кои упаднаа во Капитол во јануари 2021 година