Кремљ денеска ја бранеше својата одлука за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, отфрлајќи ги критиките на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Организацијата на Северноатлантскиот договор е таа што се шири кон Русија и дека поради тоа Москва мора да преземе чекори за да ја одбрани својата безбедност.
Столтенберг вчера рече дека потегот на Русија ја побива неодамнешната заедничка руско-кинеска изјава дека државите не треба да распоредуваат нуклеарно оружје надвор од нивните граници.
НАТО е тој што се шири кон Русија, не Русија ја придвижува својата воена инфраструктура кон границите на НАТО“, рече Песков како одговор на изјавите на Столтенберг.
Финска се приклучи на алијансата во вторникот, удвојувајќи ја должината на копнената граница на НАТО со Русија, а Шведска наскоро треба да стане членка. Москва најави дека внимателно ќе го следи распоредувањето на силите на НАТО во Финска и соодветно ќе реагира.
„НАТО е тој што се шири кон Русија, не е Русија таа што ја придвижува својата воена инфраструктура кон границите на НАТО“, рече Песков како одговор на изјавите на Столтенберг.
Финска се приклучи на Алијансата во вторникот, удвојувајќи ја должината на копнената граница на НАТО со Русија, а Шведска наскоро треба да стане членка. Москва најави дека внимателно ќе го следи распоредувањето на силите на НАТО во Финска и соодветно ќе реагира.