Кремљ: Испораки на германски тенкови за Украина не навестуваат ништо добро

Од:

Испорака на тенкови „Леопард” од германско производство за Украина не навестува „ништо добро“, предупреди денеска Кремљ, во време кога расте притисокот врз Берлин да дозволи доставување германско оружје на Киев.

„Таквите испораки нема да донесат ништо добро за руско-германските односи“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека тоа „ќе остави неизбришлива трага“.

Полска денеска побара од Германија дозвола да испрати од своите тенкови „Леопард 2“ од германско производство во Украина.

Варшава претходно објави дека е подготвена да испрати 14 тенкови за Киев како дел од меѓународната коалиција, но тоа наиде на колебање во Берлин, кој е под зголемен притисок да ги одобри испораките.

Варшава соопшти дека по однос на прашањето разговара со околу 15 земји од меѓународната коалиција, бидејќи бројни европски армии поседуваат такви тенкови кои би можеле да имаат значително влијание врз украинскиот конфликт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари