Кремљ го оцени говорот на Бајден како „агресивен и неконструктивен“

Од:

Кремљ го одби барањето на американскиот претседател Џо Бајден за итно ослободување на рускиот дисидент Алексеј Навални, јави ДПА.

– Ултиматумите се генерално неприфатливи, изјави денеска во Москва портпаролот Дмитриј Песков. – Веќе рековме дека ќе ги игнорираме ваквите предавања, дополни Песков.

Бајден, претходно, во својот прв голем говор во надворешната политика, повика водечката опозициска личност во Русија да биде ослободена.

Во вторникот, Суд во Москва го осуди на затвор 44-годишнииот опозиционер, поради прекршување на условната казна додека бил во Германија на лекување по обидот да биде отруен со нервен агенс.

По изрекувањето на затворската казна, масовни протести избија во Русија, а илјадници демонстранти се приведени.

Бајден рече дека напорите на Москва за поткопување на слободата на изразување и собири предизвикуваат голема загриженост.

Говорот на Бајден беше обележан со „многу агресивна и неконструктивна реторика“, оцени портпаролот на Кремљ.

И покрај „многуте разлики во мислењата и различните пристапи за клучните прашања“, Москва се надева дека ќе има „основа за разговори“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците