Кремљ: Додека Европа ја признае Палестина, можеби нема да остане ништо за признавање

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека европските земји би можеле да доцнат со своите планови за признавање на Палестина, бидејќи ситуацијата на терен брзо се влошува.

„Додека Европа конечно одлучи за два месеци да ја признае Палестина, можеби нема да остане ништо за признавање“, рече Лавров по средбата со јорданскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ајман ал-Сафади.

Шефот на руската дипломатија нагласи дека е потребно веднаш да се започне со обновување на директните преговори меѓу Израел и Палестинците, во согласност со резолуциите на Обединетите нации. Според него, клучно е да се разговара за создавање независна палестинска држава, бидејќи без неа регионот останува во состојба на постојана нестабилност.

Лавров предупреди дека отсуството на политичко решение неизбежно ќе доведе до нови бранови протести, вклучувајќи насилни, па дури и вооружени конфликти.

„Мораме да бидеме искрени и да признаеме дека овие ризици нема да исчезнат“, рече тој.

Во меѓувреме, извори од египетскиот телевизиски канал Ал-Кахир ал-Ихбарија објавија дека Хамас дал позитивен одговор на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Според договорот, милитантното крило на Хамас се согласило да ослободи половина од израелските заложници за време на 60-дневното примирје во замена за одреден број палестински затвореници.

Спогодбата, исто така, предвидува повлекување на израелските сили кон границите на Појасот Газа со цел да се овозможи непречено доставување на хуманитарната помош. По прекинот на огнот, се очекува Хамас и Израел да започнат преговори за траен прекин на огнот и сеопфатен мировен договор.

Би можело да ве интересира

Секој ден нови жртви во Газа: 70.669 луѓе се убиени од почетокот на војната

Барнеа: Иран продолжува да развива нуклеарно оружје и планира да го употреби

Хамас: Висок службеник за внатрешна безбедност е убиен во централна Газа

Хамас: Вооружениот отпор е легитимно право, подготвени сме за техничка администрација во Газа

Военото крило на Хамас се заканува дека ќе му одговори на Израел за убиството на нивниот заменик-командант

Убиен е врховен командант на Хамас

Горан Наумовски