Кражба на цевки за кислород од болница во Русија

Од:

Од една болница во Русија украдени се 13 метри бакарни цевки, кои снабдувале со кислород пациентите со коронавирус.

Цевките се украдени во рускиот регион Чита, во реонот Бајкал, каде здравствените власти објавија дека во понеделникот вечерта, уредите за вештачко дишење сигнализирале дека нагло паѓа притисокот во системот.

На системот за снабдување со кислород се приклучени 150 од 200 болнички кревети, а поради кражбата, пет пациенти на кои постојано им требало кислород биле префрлени на интензивна нега во друго одделение.

Системот за снабдување со кислород се санира, а полицијата трага по крадците.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски